Достапни линкови

Уапсени руски војници за грабеж на жртва од полската авионска несреќа


Руските власти уапсиле тројца руски војници под сомневање дека употребиле кредитна картичка што и припаѓала на една жртва од авионската несреќа на 10 април во близина на рускиот град Смоленск во која загина и полскиот претседател Лех Качински. Се додава дека од сметката на Анджеј Пжевозник кој бил шеф на полскиот Меморијален воен комитет тие извлекле околу илјада и 500 евра.
XS
SM
MD
LG