Достапни линкови

logo-print

Обама се ангажира околу истекот на нафтата во Мексиканскиот залив


Американскиот претседател Барак Обама во интервју што денеска ќе биде емитувано на телевизијата Ен Би Си, а чии делови веќе се објавени, вели дека е ангажиран во справувањето со истекувањето нафта во Максиканскиот залив. Еколошката катастрофа почна на 20 април кога експлодира платформа на Бритиш Петролеум при што загинаа 11 работници. Според Обама, оваа фирма е одговорна за кризата и треба да ја надомести причинетата штета. Тој додаде дека новиот маханизам успевал да задржи дел од нафтата која се уште истекува.
XS
SM
MD
LG