Достапни линкови

Најмалку 15 повредени во бомбашки напад во Истанбул


Во денешниот бомбашки напад во Истанбул, според новинските агенции, биле повредени најмалку 15 луѓе, повеќето од нив полицајци. Се уште не е утврдено кој стои зад нападот што се случи во моментот кога во Истанбул се одржува конференција посветена на безбедноста во Азија. Бомбата експлодирала кога минибус со полицајци минувал пред една болница во Истанбул. Полуофицијалната агенција Анатолија јави дека бомбата била активирана со далечински управувач.
XS
SM
MD
LG