Достапни линкови

Иран: размената на нуклеарно гориво, единствена шанса


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека договорот за размена на нуклеарно гориво, постигнат во минатиот месец со посредство на Турција и Бразил е шанса која не се повторува. Ахмадинеџад кој учествува на меѓународната конференција во Истанбул повтори дека Иран нема да се согласи на разговори за нуклеарната програма доколку Советот за безбедност на ОН усвои нови санкции. Се очекува Советот во текот на неделава да гласа за резолуција со која се предвидуваат нови санкции спрема Иран.
XS
SM
MD
LG