Достапни линкови

Ердоган го обвини Израел за кршење на меѓународното право


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган синоќа во Истанбул изјави дека нападот на израелските командоси врз хуманитарниот конвој од шест бродови кои превезуваа помош за Појасот Газа, претставува нарушување на меѓународното право и на човечките вредности. Тој го повика Израел да прифати меѓународна истрага за случајот. Турскиот премиер на прес конференцијата, која се одржа пред меѓународната конференција во Истанбул, посветена на градење мерки на доверба во Азија, ја повика меѓународната заедница да го казни Израел поради нападот, нагласувајќи дека израелската блокада на Појасот Газа треба итно да биде укината.
XS
SM
MD
LG