Достапни линкови

Во Скопје, конференција за јавните набавки


„Јавните набавки од закон до пракса“ со посебен осврт врз јавните набавки од помала вредност е тема на четвртата ИПА Регионална конференција за јавни набавки што денеска и утре ќе се одржи во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, претставници од Европската комисија, од делегацијата на ЕУ во Македонија, УСАИД, Светска Банка како и од поголемите договорни органи и економски оператори од земјава.
XS
SM
MD
LG