Достапни линкови

Турција ќе бара подршка за притисок врз Израел


Денеска во Истамбул ќе се одржи Конференција за интеракција и градење мерки на доверба во Азија. Претставниците на Турција ќе бараат подршка од земјите во блискиот исток за зголемен притисок врз Израел поради убиството на шестмина Турци кои биле на брод на пат кон појасот Газа. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин на маргините на конференцијата. На настанот ќе присуствува и македионскиот претседател Ѓорѓе Иванов, како почесен гостин од земјата претседавач со Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG