Достапни линкови

Казни за земјите кои нагло ќе се задолжуваат ?


Претседателот на Европската унија рече дека земјите членки на Унијата размислуваат за воведување на санкции против земјите кои нагло ја зголемуваат задолженоста. Херман вон Ромпој рече дека ваквата иницијатива добила подршка и од министрите за финансии на земјите членки на ЕУ кои се сретнаа во Брисел. Подржана била и идеата за размена на буџетските планови на земјите членки на Унијата пред нивно извршување. Инаку, министрите за финансии од 16 земји кои ја користат заедничката европска валута ги финализираа плановите за собирање на 440 милијарди евра кои ќе им бидат достапни на задолжените земји.
XS
SM
MD
LG