Достапни линкови

Расмусен: Економскиот развој зависи од безбедноста


Економскиот развој зависи и од безбедноста, изјави генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, изразувајки загриженост од иницијативата на неколку влади да кратат сретства од одбраната со цел да ги намалат буџетските дефицити. Првиот човек на Алијансата најави кратење на буџетот на организацијата за 1.5 милијарди евра, како и, како што рече, „намалување на бројот на комитерти во организацијата“. Коментарите на Расмусен следат по плановирте на неколку земји-членки на Алијансата за намалување на буџетските расходи, поради страв од можни негативни ефекти од грчката должничка криза.
XS
SM
MD
LG