Достапни линкови

Интеграцијата на малцинствата предуслов за демократско општество


Скопје
Скопје

Македонија е домаќин на Конференцијата за интеграција на националните малцинства во Европа. За високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Курт Волебек интеграцијата на мацинствата е клучна за демократско општество. Министерот Милошоски го потенција успехот на Македонија во вклчувањето на немнозинските заедници во процесот на одлучување.

Учеството на малцинствата во процесот на одлучување како на регионално така и на локално ниво е од голема важност како и делотворно учество на малцинствата во секојдневниот живот, изјави високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек кој се обрати на почетокот од дводневната конференција којашто денеска започна во Скопје, посветена на интеграцијата на
Советодавни или консултативни тела во рамките на соодветните институции можат да обезбедат поголемо учество на малцинствата во донесувањето на одлуките.
националните малцинства во Европа. Ваквото делотворно учество коешто како што рече е предуслов за демократско општество сеуште е пред предизвикот да се унапредува а во таа насока тој предложи и дополнителни аранжмани и механизми како што е формирањето консулстативни тела

„Во административните тела како и во во граѓанскиот сектор. Советодавни или консултативни тела во рамките на соодветните институции можат да обезбедат поголемо учество на малцинствата во донесувањето на одлуките. Тука исто така може да биде делотворен и механизамот на дијалогот меѓу владата и малцинствата“. рече Волбек.

Конференцијата ја отвори македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски како претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа којшто како клучни ги нагласи партнерството и дијалогот кога станува збор за заштитата
Го унапредивме учеството на припадниците на немнозинските заедници во донесувањето на одлуките во македонскотот собрание, комитетот за односи меѓу заедниците, националниот совет за безбедност и уставниот суд и во единиците на локалната
самоуправа.
на правата на националстните малцинства. Што се однесува на Македонија тој рече дека на ова поле напредокот е значителен во последнава деценија и дека тоа го потвдиле и меѓународните компетентни набљудувачи на процесите.

Архива - Антонио Милошоски и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Балаш


„Го унапредивме учеството на припадниците на немнозинските заедници во донесувањето на одлуките во македонскотот собрание, комитетот за односи меѓу заедниците, националниот совет за безбедност и уставниот суд и во единиците на локалната самоуправа. Сите релевантни тела коишто донесуваат одлуки вклучуваат членови коишто припаѓаат на националните малционства“, изјави Милошоски.

Претседателот на комисијата за политички сиситем и односи меѓу заедниците во Собранието рече дека Македонија е потписничка на сите најзначајни меѓународни документи за заштита на малцинствата и дека Уставот содржи бројни одредби со коишто целта е да се постигне реална еднаквост на малцинствата што е приоритет во земјата којашто има мултиетнички и мултиконфесионален карактер.
XS
SM
MD
LG