Достапни линкови

logo-print

Падот на еврото неповолен за економијата


Рекордната загуба на еврото не е поволно за земјата, анализираат економските аналитичари. Со оглед на фактот што, согласно монетарната политика, денарот е врзан со фиксен курс со еврото, двете валути ја делат истата судбина, коментараат експертите кои сепак не очекуваат загрозување на макроекономската стабилност.

Падот на еврото нема да ја загрози макроекономската стабилност во Македонија, но рекордната загуба на единствената европска валута секако не е поволна за земјава, сметаат експертите. Еврото деновиве бележеше рекорден пад во однос на американскиот долар. Со оглед на фактот што, согласно монетарната политика, денарот е врзан со фиксен курс со еврото, двете валути ја делат истата судбина, смета професорот Христо Карталов:
Ние сега веќе за 13-14% повеќе евра треба да дадеме за да набавиме струја или нафта на странските пазари кои што се плаќаат со долари


,,Еврото како што знаете девалвираше во однос на доларот и другите валути, па во таа смисла и денарот ја дели таа судбина односно е во инфериорна положба во однос на другите валути. Ние сега веќе за 13-14% повеќе евра треба да дадеме за да набавиме струја или нафта на странските пазари кои што се плаќаат со долари"

Падот на еврото неминовно ќе влијае на извозот, но не би требало да ја загрози макроекономската стабилност на Македонија, смета професорот Ванчо Узунов:
Проф. Др. Ванчо Узунов

,,Сега тоа значи дека Македонија ќе губи во оној извоз што би требало да биде платен во долари, ама дека тоа ќе направи премногу големи проблеми на макроекономската стабилност... тоа не верувам"
Сега тоа значи дека Македонија ќе губи во оној извоз што би требало да биде платен во долари, ама дека тоа ќе направи премногу големи проблеми на макроекономската стабилност тоа неверувам


Што се однесува до заштедите, Узунов предвидува дека граѓаните и фирмите нема да се преориентираат кон доларот бидејки, како што вели, сега е веќе касно:

,,Сега веќе е скап доларот, кој се сетил да го купи кога беше евтин“

На ниво на монетарна политика, би било поповолбно доколку денарот се врзе со повеќе странски валути, но курсот би требало да биде флуктуирачки, вели професорот Карталов:

,,Тој пристап ќе им даде поинаква способност на претприемачите при носењето на своите одлуки да ја ценат и околноста на девизвниот курс, односно на можностите што ќе се случуваат и движењата“

Инаку, единствената европска валута минатата недела го доживеа најдрастичниот пад во однос на доларот во изминативе четири години.
XS
SM
MD
LG