Достапни линкови

Ваши коментари на нашата веб адреса


На нашата интернет страница, реакција за најмногу пораки предизвика интервјуто со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Интервјуто го провоцира нашиот слушател потпишан како С и дупло В да анализира дали Груевски сака предвремени избори на кои знае дека ќе изгуби, па на тој начин, вели, да симне едно гајле од грбот, односно решавањето на проблемот со името.

Како и секогаш, настапите на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски предизвикуваат реакција кај оние што го слушаат, гледаат или читаат. Интервјуто на Црвенковски за Радио Слободна Европа го провоцира нашиот слушател потпишан како С и дупло В да анализира дали Груевски сака предвремени избори на кои знае дека ќе изгуби, па на тој начин, вели, да симне едно гајле од грбот, односно решавањето на проблемот со името. Така, продолжува слушателот, ќе замине во политичката историја како наводен патриот и во истовреме, со измиени раце, исто како и Понтие Пилат. Слушателот му препорачува на опозицискиот лидер да не прифаќа предвремени избори, затоа што Груевски би можел да се правда со, цитирам, „ние изгубивме, власта ја имаат други и за секоја промена
www.makdenes.org
на името историјата ќе ги осудува како предавници“.

Манчо се согласува со Бранко, како што пишува. „Грујо не сака избори“. продолжува Манчо, „бидејќи си го знае вистинскиот рејтинг, а не оној што му го сервира неговиот Павел Шатев; време е да станат историја, а Македонија да оди во иднината“.

Некој анонимен извикува: „Да живее Македонија, доста ни е од Груевизмот“, а Нинослав прашува до кога ќе трае ситуацијата да имаме одговорна опозиција, а неодговорна власт.

Интересни се две пораки на нашата веб-страница, преку кои двајца слушатели си водат еден вид дијалог, пишан, се разбира. Владо од Битола смета дека, како што пишува, „Бранко се занесува дека кога било повторно ќе дојде на власт, не барем“, како што смета, „додека е оваа генерација луѓе кои паметат што тој човек сторил за оваа земја и какви злочини и направил“. Дејан му одговара: „Нема проблем, господине Владо“, пишува. „Мислам дека протестите против опозицијата, кои се единствени во светот, веќе го кажаа вашиот став. Но“, вели Дејан, мислам дека народот повеќе ќе запамти како Македонија ќе банкротира отколку, како што велите, „злочините на Црвенковски“, го завршува дијалогот Дејан.

На текстот на нашата новинарка за стравот на граѓаните од власта да го искажат своето мислење, вредниот слушател со потпис С и дупло В пишува дека Борјан Јовановски добил по нос затоа што го изнесол својот став за говорот на Груевски, ама, вели, цитирам, „прашајте што добива Миленко затоа што му се вовлекува во задниот дел на Груевски“.

И за крај, мало освежување од политиката: веќе сте забележале, на нашата веб страница имаме отворено оддел за претстојното светско првенство во фудбал и таму, анкета со прашање: Од кој Континент ќе биде новиот светски првак во спортот што е најважната споредна работа на светот? Веќе 61 отсто од нашите слушатели сметаат дека тој ќе биде од Европа. Интересно ќе биде да го видиме крајниот резултат, и на анкетата, и на првенството.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG