Достапни линкови

На Плоштадот во Скопје, од денеска и Ченто


На Плоштадот Македонија денеска е поставена мермерна статуа на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, дел од проектот Скопје 2014. Статуата е висока пет метри поставена на постамент со височина од 2,5 метри. Транспортот на споменикот е извршен во утринските часови од безбедносни причини во сообраќајот, поради негова голмина. На почетокот на минатиот месец на плоштадот Македонија во Скопје, пред Камениот мост беа поставени спомениците на Гоцe Делчев и Даме Груев, први во рамките на проектот Скопје 2014.
XS
SM
MD
LG