Достапни линкови

logo-print

Допатуваа и германците, со нив и Шакира


Репрезентацијата на Германија денеска допатува во Јужна Африка, како последна репрезентација, учесник на Светскиот Куп. Капусот на германските репрезентативци е во близина на Преторија, а првиот тренинг е планиран за попладне и ќе биде отворен за јавноста. Се очекуваат околу 20 илјади посетители. Сакаме да им покажеме на домаќините дека сме среќни што сме тука, изјави генералниот менаџер на тимот Оливер Бирхоф.

Инаку, во авионот од Франкфурт до Јоханезбург, со германските репрезентативци допатува и поп звездата Шакира, која ќе учествува на церемониите на отворањето на Светското Првенство. Нејзиниот настап е предвиден за в четврток.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG