Достапни линкови

logo-print

Македонија домаќин на европска конференција за малцинства


Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов, како гостин од земјата претседавач со Советот на Европа, ќе присуствува на третата Конференција за интеракција и градење мерки на доверба во Азија. А Македонија денеска и утре ќе биде домаќин на конфенцијата за интеграција на националните малцинства во Европа .Македонското претседателство со комитетот на министри на Советот на Европа ја оргазнизира оваа конференција под насловот „ Јакнење на кохезијата на европските општества-односно интегрирање на националните малцинства во процесите на одлучување“. Конференцијата што ќе ја отвори Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски има за цел да им овозможи на учесниците преглед и оценка на ситуацијата со заштитата на правата на националните малцинства и анализа за спроведувањето на Рамковната конвеција за национални малцинства.
XS
SM
MD
LG