Достапни линкови

Итен состанок на мировнот квартет за Блискиот Исток


Мировниот Квартет за Блискиот Исток сочинет од претставници од Русија, Соединетите Американски Држави , Европската Унија и Обединетите нации ќе се состанат денеска за да разговараат за израелскиот воен напад врз брод кој пренесувал хуманитеран помош за Појасот Газа.Состанокот е закажан откако Израел го одби предлогот на Обединетите нации за меѓународна истрага за инцидентот во кој загинаа девет луѓе. Во меѓувреме францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер изјави дека Европската Унија може да помогне во набљудувањето на сообраќајот за да се обезбеди пристап на Хуманитераните резерви до блокираната Газа.
XS
SM
MD
LG