Достапни линкови

Состанок на романскиот државен врв за мерките за штедење


Романскиот претседател Трајан Басеску вечерва ќе се состане со пратениците на владејачката Демократско либерална партија и со министрите во Владата на Емил Бок и од нив ќе побара подршка за мерките за штедење. Ако не добие подршка владата може да падне. Мерките за штедење предвидуваат платите да се намалат за 25 проценти, а пензиите и социјлната помош за 15. Досега владеачката партија беше против намалување на платите и пензиите. Утре парламентот треба да гласа за мерките за штедење.
XS
SM
MD
LG