Достапни линкови

logo-print

Карзаи наредил преиспитување на Талибанците кои се во затвор


Претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи денеска наредил да се преиспитаат сите Талибанци кои се наоѓаат во затворите и за они за кои нема доволно докази да се ослободат. Ова негова одлука е одговор на препораките кои произлегоа од мировната конференција одржана минатата недела. На собирот,локалните и верските лидери повикаа да се ослободат Талибанците кои се наоѓаат во затвор а за кои има неосновани обвиненија дека извршиле злодела. Според лидерите ослободувањето ќе биде гест на добра воља и ќе ги отвори мировните разговори меѓу Карзаи и Талибанците. Стотици осомничени талибански бунтовници уапсени од страна на САД и Авганистан, се наоѓаат во авганистанските затвори.
XS
SM
MD
LG