Достапни линкови

Ограбена банка во Москава,одземени 200 илјади евра


Двајца маскирани луѓе утрово ограбиле банка во центарот на Москва и одзеле 6 милиони рубји и 15 илјади евра или вкупно околу 200 илјади евра, пренесуваат руските агенции. Според вработените во Банката „Алтај Енерго Банк“ koja e една од најстарите приватни банки, ограбувачите биле на возраст меѓу 17 и 20 години. Московската полиција соопштила дека спроведува специјална акција да ги најде виновниците.
XS
SM
MD
LG