Достапни линкови

logo-print

Екстремистичкиот ислам закана за христијаните на Блискиот Исток


Ватикан вели дека подемот на политичкиот исламизам преставува закана за христијаните кои живеат на Блискиот Исток. Во документот кој е објавен денеска, Ватикан пишува дека подемот на исламистичките фундаментални напади против христијаните се зголемува речиси насекаде. А подемот на политичкиот ислам во арапскиот, турскиот и во иранскиот свет се јасна закана за сите и за христијаните и за муслиманите. Во документот од Ватикан пишува дека муслиманите често не прават разлика меѓу религијата и политиката, а со тоа ги доведуват христијаните во несигурна позиција, и покрај тоа што христијаните живееле на тоа тло многу пред да се појави исламот
XS
SM
MD
LG