Достапни линкови

Бан Ки Мун бара мултинационална истрага за нападот на бродот во Израел


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, предложил мултинационална истрага за нападот на конвојот кој носеше помош за Газа, од страна на изрелските сили. Бан Ки Мун предложил да се формира комисија која ќе биде предводена од поранешниот премиер на Нов Зеланд Џефри Палмер, а во комисијата да бидат вклучени и претставници од Турција, под чие знаме пловел бродот и претставници од Израел и Соединетите држави. Ова го соопштил претставник од канцеларијата на премерот на Израел Бенјамин Нетенјаху. Денеска израелските министри ќе одлучуваат дали да се вклучат во истрагата.
XS
SM
MD
LG