Достапни линкови

Осомничениот за педофилија во мисијата на ОБСЕ, немал норвешки дипломатски пасош


Норвешкото министерство за надворешни работи е запознаено со случајот на преставникот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, кој е осомничен дека се занимавал со детска порнографија. Но од министерството соопштуваат дека тој иако е Норвежанец, не бил вработен во министерството за надворешни работи ниту имал дипломатски пасош. Освен министерството , македонските власти за случајот ја известиле и крим полицијата. Одговорниот за комуникации при крим полицијата во Норвешка изјавил дека тие од македонската страна не добиле барање да се ангажираат околу случајот. Според пишувањето на норвешките медиуми, осомничениот се наоѓа во Норвешка.
XS
SM
MD
LG