Достапни линкови

logo-print

Јосиповиќ:Сите земји од Југоисточна Европа треба да влезат во ЕУ


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјавил дека сите земји од Југоисточна Европа треба да влезат во ЕУ и дека проширувањето не смее да запре се додека и последната држава од овој регион не влезе во Унијата. Јосиповиќ оценил дека Хрватска ги живее последните моменти од „балканската фаза“, а како потврда дека неговата земја излегува од таа фаза тој го навел договорот за арбитража со Словенија за границата. Тој се надева дека и народот во Словенија денеска ќе ја потврди одлуката на Парламентот. Хрватскиот претседател изјавил дека заедно со премиерката Јадранка Косор работат на затварањето на споровите од минатото и со соседите градат култура на компромис.
XS
SM
MD
LG