Достапни линкови

Русија за искоренување на опиумот во Авганистан


Русија денеска повика на поагресивна кампања за искоренување на опиумот во Авганистан и ја обвини коалицијата предводена од Соединетите држави за неможност да се справи со социјалните проблеми во земјата. Рускиот министер Сергеј Иванов од самитот во Сингапур порачал меѓународната заедница да инвестира повеќе во социјалниот и економскиот развој на Авганистан,бидејќи без социјален развој , секое воено присуство е залудно. Производството и трговијата со дрога во Авганистан треба да се класифицира како закана за меѓународниот мир и безбедност, затоа што парите од дрогата одат за финансирање на бунтовниците, рекол Иванов. Западните сојузници одбиваат целосно уништување на афионот, бидејќи локалното население преживува од одгледување на оваа култура.
XS
SM
MD
LG