Достапни линкови

Референдум во Словенија за границата со Хрватска


Гласачите во Словенија денеска на референдум ќе се изјаснуваат за тоа дали го прифаќаат договорот со кој земјата ќе го реши граничниот спор со Хрватска преку меѓународна арбитража. Најновите анкетите за јавното мислење покажаа изедначени резултати меѓу гласачите кои го поддржуваат договорот, и оние кои се противат. Над 1,7 милиони луѓе имаат право на глас. Словенија како членка на Европската Унија претходно ги блокираше разговорите на Хрватска за членство во Унијата. Граничниот спор меѓу двете земји датира од 1991-та година.

XS
SM
MD
LG