Достапни линкови

Успешен обидот за запирање на нафтата во Мексиканскиот залив?


Американските власти соопштуваат дека може да се оцени како успешен неодамнешниот обид да постават сифони за нафта и гас на дното на Мексиканскиот залив со кој ќе се запре истекувањето на нафтата . Адмиралот на крајбрежната стража, Тед Ален кој ја надгледува работата изјавил дека со сифонот кој е поставен во четвртокот може да се опфатат 6.000 барели нафта во еден ден, што е само еден дел од проценетите 19.000 барели кои истекуваат дневно. Нафтата во Мексиканкиот залив почна да истекува пред 47 дена. Оттогаш нафтата истекува во крајбрежните делови на Луизијана, Алабама, Мисисипи и Флорида , со што овој случај прерасна во најголемата нафтена катастрофа во историјата на Америка.

XS
SM
MD
LG