Достапни линкови

Турција домаќин на Самит на азиските лидери


Претседателот на Иран, Махмуд Ахмадинеџад ќе им се придружи на неколкуте лидери од Азија кои наредната недела во Истамбул ќе учестуваат на самитот на кој ќе се зборува за регионалната безбедност и доверба. Турскиот министер за надворешни работи соопштил дека на самитот ќе присуствуваат и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, на Авганистан Хамид Карзаи, палестинскиот лидер Махмуд Абаз и рускиот премиер Владимир Путин. Домаќин на Самитот ќе биде турскиот претседател Абдула Ѓул. Средбата, азиските лидери ќе ја искористат да разговараат за нуклерното оружје и за неговата употреба во мирољубиви цели, и за начинот на кој ќе се зајакнат мерките за градење доверба меѓу земјите во Азија.
XS
SM
MD
LG