Достапни линкови

Сакаме да го изненадиме светот


Севернокорејците со невидена амбиција, со остри тренинзи се готват за стартот на Светското првенство во фудбал. Тие го имаат својот Вејн Руни и сакаат да го изненадат светот.

Напаѓачот на Северна Кореја Јонг Тае Се вети дека ќе даде се од себе со цел на Светското првенство и да ја доведе неговата земја во нокаут фазата во Јужна Африка.

„Јас ќе го исполнам ветувањето за постигнување по еден гол на секој натпревар“, изјави Јонг, кој постигна два гола на последното загревање против Грција.

„Вејн Руни народна партија“ - група со седиште во Јапонија, предвидува дека Северна Кореја ќе биде изненадување во Група Г, во која ривали и се Португалија, Брегот на Слоновата Коска и Бразил.

Macedonia - World Cup Banner, undated


Северна Кореја направи се за нивниот тим да биде подготвен за Светскиот куп во Јужна Африка. Се тренира ноќно време под тешки стражи и зад бодликава жица во местото Тембиса, на околу 30 минути од Јоханесбург.

„Сакам да го изненадиме светот“, изјави играчот од средниот ред Јонг, по положувањето на три големи севернокорејски знамиња во фоајето на хотелот во Јужна Африка.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG