Достапни линкови

ЕУ не сака нови преговори меѓу Србија и Косово


Никој во Европската Унија не сака нови преговори за статусот на Косово, бидејќи премногу време попусто би се изгубило, а и би дошло до дестабилизација на регионот, смета амбасадорот на Велика Британија во Србија Стивен Вордсворт.
Таквата постапка би значело продолжување на конфронтацијата на Белград со 22 членки на ЕУ кои ја признаа независноста на Косово и на српските функционери, вели Вордсворт и додава дека во повеќе наврати им е кажано на србите дека инсистирањето на нови преговори не е добра идеја.
XS
SM
MD
LG