Достапни линкови

logo-print

Милошоски на 20 години Венецијанска Комисија


Во Венеција денеска се одбележува 20-годишнината од формирањето на Европската комисија за демократија преку правото на Советот на Европа. Венецијанската Комисија е специјализирана за подготовка на експертизи, стручни мислења, препораки и насоки за усогласеноста на уставните норми и законските проекти во земјите-членки со стандардите и принципите содржани во Конвенциите на Советот на Европа. Македонска делегација е предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа ќе има обраќање. На церемонијата ќе учествуваат и претставници од ЕУ и ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG