Достапни линкови

САД - Мора да има последици за Северна Кореја


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Северна Кореја мора да се соочи со последици за потопувањето на јужно корејскиот воен брод во Март. Зборувајки на самитот за безбедност на азиските држави во Сингапур, Гејтс рече дека ако ништо не се случи тогаш тоа ќе биде лош преседан. САД и Јужна Кореја бараат од Кина да одобри нова меѓународна осуда или казна за Северна Кореја кога случајот ќе се најде пред Советот за Безбедност во петок идната недела.
XS
SM
MD
LG