Достапни линкови

logo-print

Израелски бродови го опколија ирскиот брод со помош за Газа


Израелски бродови денеска опколија брод со помош за Газа во источниот Медитеран. Станува збор за нов обид да се скрши израелската блокада врз појасот Газа од страна на про-палестинските активисти на бродот Речел Кори чии сопственици се ирци. Тие ги отфрлија американските и израелските апели да влезат во иарзелско пристаниште каде ќе биде проверен товарот а потоа доставен до цивилите во Газа.
Оваа ситуација ја подигна загриженоста за можна нова конфронтација. Израел во понеделникот нападна флотила со помош за палестинците во Газа при што загинаа осум турски активисти и американски граѓанин. Според Израел, блокадата врз Газа има за цел да се спречи дотур на оружје и воена опрема за милитантите на Хамас кои се на власт во Газа и чија намера е уништување на еврејската држава.
XS
SM
MD
LG