Достапни линкови

Обама: рано е за оптимизам за катастрофата во Мексиканскиот залив


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека се чини оти Бритиш Петролеум конечно постигна напредок во спречувањето на истекот на нафта во Мексиканскиот Залив. Според Обама, кој ова го изјави во Лузијана за време на третата посета на погодениот регион, сепак е рано да се биде оптимист. Истекот на нафтата започна пред 45 дена. Бритиш Петролеум соопшти деак успеал да собере дел од нафтата од скршената цевка што ке овозможи натаму да се санира проблемот.
XS
SM
MD
LG