Достапни линкови

logo-print

Дрогба и Фердинанд нема да играат на СП


Капитенот на Англија, Рио Фердинанд и најдобриот играч на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, веројатно нема да можат да играат на светското првенство во Јужна Африка, откако се повредија денеска. Фердинанд го повредил коленото на тренинг, додека Дрогба ја скршил десната рака на пријателскиот натпревар со Јапонија. На двете репрезентации им е дозволено да ги заменат повредените играчи. Брегот на Слонова Коска не ја исклучува можноста Дрогба да се појави на некој натпревар. Во меѓувреме, бразилскиот голман Жулио Цезар веќе втор ден не е на тренинзите, бидејки се опоравува од повреда на грбот. Сепак лекарите тврдат дека повредата на Цезар не е сериозна и тој сигурно ќе се појави на првиот натпревар на Бразил против Северна Кореја на 15-ти јуни.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG