Достапни линкови

Индексот на МБИ 10 во тренд на опаѓање


Индексот на МБИ 10 е влезен во тренд на опаѓање. Берзанските аналитичари со поделени мислења дали причината за тоа е кризата во Грција и Еврозоната. За едни македонскиот пазар на хартии од вредност не е имун на случувањата во соседството, а според други Берзата беше повеќе погодена од глобалната економска криза и отворените политички прашања.

Индексот на десетте најликвидни компании на македонскиот пазар на хартии од вредност, популарно познат како МБИ 10 е влезен во тренд на опаѓање, кој видно се интензивирал од средината на минатиот месец. Од друга страна, вкупниот промет од сите пазарни сегменти во мај е за речиси 19 проценти повисок од априлскиот. Од тука се поставува и прашањето, дали берзата страда поради кризата во Грција и во Еврозоната? Македонскиот пазар не е имун на случувањата во соседството и во Европа, смета брокерот и берзански аналитичар
Бидеќи странските инвеститори па и домашните, се воздржани што ќе биде во врска со таа неизвесност за идинината, што ќе се случува со нашиот сосед
Миа Зографска:

,,Бидеќи странските инвеститори па и домашните, се воздржани што ќе биде во врска со таа неизвесност за идинината, што ќе се случува со нашиот сосед, па не само со соседот туку нормално со Шпанија и со Португалија, доведува до едно кочење на пазарот во делот на движење на цените и се стагнира па дури е и со мали падови."

Таа додава дека потресот на домашниот пазар не бил толку екстремен како на светските берзи. Аналитичарот Крсте Шајновски, пак, од друга страна, вели дека грчката криза немала големо влијание на берзата.

Берза во Русија
,,Кризата со која се соочува Грција директно не го погоди пазарот на хартии од вредност во Македонија од едноставна причина што тој и пред оваа криза беше исклучително неликвиден, односно неинтересен за инвеститорите. Негативно на пазарот за хартии од вредност веќе повеќе од две години влијае светската финансиска криза како и отворените политички прашања со кои се соочува Македонија."
Негативно на пазарот за хартии од вредност веќе повеќе од две години влијае светската финансиска криза како и отворените политички прашања со кои се соочува Македонија

Шајновски дополнува дека акциите на грчките компании во Македонија се успешни:

,,Она што е позитивно е што резултатите на условно кажано грчките компании кои работат во Макеоднија и чии акции се тргуваат на Македонската берза барем засега се доста успешни се разбира споредено со останатите компании кои стопанисуваат во регионот."

Од друга страна, и покрај тоа што индексите бележат пад, вкупниот промет од сите пазарни сегменти на берзата бележи раст од речиси 19 проценти во мај во споредба со април годинава. И во двата месеци биле извршени околу 2.400 трансакции. Според Зографска, растот го предизвикале блок трансакции на поголемите фирми:

,,Нормално дека македонската берза не е имуна на таквите случувања иако сме сведоци на поголем промет овој период, односно на оние блокови што беа од типот на Комерцијална и слично."
XS
SM
MD
LG