Достапни линкови

Шпанците со рекордни премии


Шпанската фудбалска федерација објави дека секој играч ќе добие по 600.000 евра доколку бидат светски прваци во фудбал. По 60.000 евра ќе бидат премиите на шпанските репрезентатвивци за пласман во четвртфиналето, по 90.000 евра за полуфинале, а доколку стигнат до финалето и загубат, ќе добијат по 120.000 евра. Ова се најголеми премии од сите 32 репрезентации кои учествуваат на светското првенство во фудбал во Јужна Африка и предизвика големи критики во Шпанија каде што невработеноста е околу 20 насто, а платите на вработените во јавниот сектор се замрзнати поради големиот дефицит. Мадридскиот весник Ел Мундо објави анкета во која 93 насто од анкетираните сметаат дека премиите се преголеми. Инаку, на второ место според ветените премии се репрезентативците на Аргентина, кои доколку бидат шампиони, ќе добијат по 510.000 евра.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG