Достапни линкови

Завршува мировниот собир во Кабул


Денеска во Кабул треба да заврши три-дневниот мировен собир на кој учествуваа околу 1600 претставници од сите региони во земјата. Главна цел на овој собир е да се најдат начини и мерки за завршување на војната во Авганистан и да се направи обид за преговори со талибанските милитанти. Претседателот Хамид Карзаи ја подржа иницијативата за амнестија на обичните милитанти со цел тие да го положат оружјето и да се реинтегрираат во општеството.
XS
SM
MD
LG