Достапни линкови

logo-print

ЕУ - САД заеднички против тероризмот


Европската Унија и Соединетите Држави, во заедничка декларација, се заложија дека човековите права и почитувањето на исламот и религиозните разлики ќе имаат главна улога во нивните напори во битката против тероризмот. Брисел и Вашингтон ветија и зајакнување на нивната соработка во дипломатијата, владеењето на правото и во други области со цел спречување на терористички напади. Шпанскиот министер за внатрешни работи на состанокот во Луксембург со неговите колеги од земјите членки на Унијата, изјави дека е важно муслиманските земји да знаат за ваквата координација на активностите. Инаку, денеска во Брисел се одржува самит Европска Унија – Пакистан.
XS
SM
MD
LG