Достапни линкови

Германија ја победи Босна во пријателски натпревар


Фудбалската репрезентација на Германија во синоќешниот пријателски меч ја победи екипата на Босна и Херецеговина со 3:1.

Фудбалската репрезентација на Германија во синоќешниот пријателски меч ја победи екипата на Босна и Херецеговина со 3:1. Босна поведе во 15 минутата со голот на Един Џеко, а изедначувањето на германците им го донесе Филип Лам во 50 минута. Целосна пресвртница донесе Бастија Швајнштајгер со головите од белата точка во 74 и 77 минута. Репрезентацијата на Германија на Светското првенство во Јужна Африка ќе игра во Групата Д со репрезентациите на Србија, Гана и Австралија. Првиот меч го игра на 13 јуни против Австралија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG