Достапни линкови

Папата во посета на Кипар, две организации бараат негово приведување


Две организации од Кипар и од Грција побараа приведување на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој денеска пристигнува во посета на Кипар. Еден од најтиражните кипарски весници „Алитија“ пишува дека двете организации бараат приведување на папата „поради злоупотребување на невини деца извршени од страна на свештеници од Ватикан и поради злосторства против човештвото“. Организациите чии имиња не се спомнуваат, сметаат дека на папата треба да му се суди во Меѓународниот суд во Хаг.
XS
SM
MD
LG