Достапни линкови

Протести во Германија поради конгрес на екстремната десница


Граѓаните на Бамберг и на други градови во јужна Германија денеска со „човечки синџир“ и со Фестивал на демократијата ќе протестираат против одржувањето на конгресот на екстремно десничарската Национал-демократска партија на Германија (НДП). Во иницијативата на протестот се 35 политички, синдикални, општествени и црковни организации. Конгресот на НДП предизвика внимание поради тоа што Сојузот на германските новинари протестираше откако им беше ускратено правото на повеќе угледни новинари да известуваат од настанот. НДП тоа го забрани со образложение дека новинарите „повторно би се обиделе да го дискредитираат конгресот“. НДП е навлијателна организација на екстремната десница.
XS
SM
MD
LG