Достапни линкови

Моратинос:Хрватска е пред вратите на ЕУ


Хрватска е пред портите на Европската Унија иако во пракаса е веќе во неа, изјавил денеска во Загреб, шпанскиот министер за надворешни работи, Мигел Анхел Моратинос. Тој нагласи дека до крајот на шпанското претседателство со ЕУ, Шпанија ќе стори се што е во нејзина моќ , Хрватска до средината на годината да ги отвори преостанатите поглавја од преговорите, со што целиот преговарачки процес ќе заврши до крајот на годинава или најдоцна до почетокот на 2011.

XS
SM
MD
LG