Достапни линкови

logo-print

Фајненшл тајмс пишува за состојбите во Македонија


Блокадата на евроатланските аспирации на Македонија, поради наметнатиот спор околу името на државата, може да ги влоши меѓуетничките односи во државата, пишува лондонски Фајненшл тајмс, а пренесува МИА. Весникот пишува дека земјата сега изгледа порастресена како никогаш досега, по воените случувања во 2001-та. Интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, веќе ja „загуби својaта динамика“, пишува весникот. Фајненсл тајмс, им приговара на Унијата и на Брисел што во регионот на Западен Балкан, целиот свој интерес го имаат насочено само кон случувањата во Босна и Херцеговина и на Косово.
XS
SM
MD
LG