Достапни линкови

logo-print

Автобуска несреќа во Хрватска, повредени 25 деца


Дваесет и пет деца се повредени во автобуска несреќа во Хрватска, кога автобусот, со кој патувале на екскурзија, излетал од автопатот. Повредените се во болница, но ниту еден од нив не е во животна опасност. Во автобусот, имало над 50 ученици од седмо одделение. За сега се непознати причините зошто автобусот излетал од патот. Некои хрватски медиуми пренесуваат изјави на очевидци, според кои на возачот во текот на возењето му се слошило и тој паднал на подот од автобусот.
XS
SM
MD
LG