Достапни линкови

Грција ќе го намалува учеството во мировни мисии


Грчката армија ќе го намали учеството во мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) и во патролите за борба против пиратите во Аденскиот залив. Одлуката за намалување на војниците е дел од економските мерки, соопштиле од Генералштабот на Грчката Армија. Со намалувањата е предвидено да се заштедат повеќе од 23 милиони евра. Грција годишно троши 21,7 милиони евра за поддршка на 657 војници распоредени во Косово и пет милиони евра за шестмесечните мисии во операциите на НАТО.
XS
SM
MD
LG