Достапни линкови

Прекинати преговорите за обединување на Кипар


Прекинати се преговорите за обединување на Кипар меѓу кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу. Преговорите што требаше да продолжат денеска се прекината поради коментарите на Ероглу за основата врз која се поставени, изјавил Христофиас. Христофиас и Ероглу ги обновија преговите кон крајот на минатиот месец, кои беа прекинати поради изборите во Северен Кипар. Денешната средба требаше да биде втора по ред.
XS
SM
MD
LG