Достапни линкови

Средба на Црвенковски со претставник на Директоратот за проширување на ЕК


Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски и претставникот на Директоратот за проширување на Европската Комисија во Брисел, Кристијан Хедберг денеска разговарале за напредокот на земјата во однос на евроатласнките интеграциии и спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, соопштуваат од прес центарот на партијата. На средбата се разговарало за состојбите во државната и јавната администрација, судството, и политичкиот дијалог. Хедберг пак како што соопштуваат од СДСМ, рекол дека земјата не само што не напредува , туку и назадува со реформите. И Црвенковски потенцирал дека реформите се забавени, стои во соопштението на СДСМ.
XS
SM
MD
LG