Достапни линкови

logo-print

Англија пристигна во Јоханезбург


Репрезентацијата на Англија пристигна денеска во Јужна Африка со надеж дека ќе ја оправда улогата на еден од фаворитите на Светското првенство во фудбал. На аеродромот во Јоханезбург, селекторот на Англија Фабио Капело изрази надеж дека Светското првенство ќе биде успешно за Јужна АФрика, но и за неговиот тим. Според испитувањата на јавното мислење, по Бразил, Англија ќе биде една од најпопуларните екипи на турнирот. Првиот натпревар, Англија, во групата Ц, ќе го игра на 12-ти јуни против Соединетите Држави.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG