Достапни линкови

Укринскиот Парламент го одобри законот за невклучување во воени сојузи и ЕУ


Украинскиот парламент го одобри нацрт-законот со кој земјата нема да се вклучува во ниту еден воен блок, како НАТО и спречува економска интеграција на земјата во Европската Унија. Нацрт закнот го предложи претседателот Виктор Јанукович. Законот помина на првото читање во Парлементот , но треба да помине уште неколку гласања, за на крај да го потпише претседателот. Претходникот на Јанукович, Виктор Јушченко, лобираше за членството во НАТО, но тај став ја налути соседна Русија.
XS
SM
MD
LG