Достапни линкови

Кина не објаснува зошто не му дозволува посета на Гејтс


Кина и денеска не даде објаснување зошто одбива да му дозволи на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс да ја посети земјата неделава. Гејтс од вчера е на турнеја низ Азија и Европа , но кинеските претставници велат дека ова не е добро време за посета. Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи денеска на брифинг соопштила дека и покрај соработката што ја имаа со САД за воена размена, сеуште нема посериозни ангажами за кои може да се разговара. Гејтс престојниот викенд ќе се сретне со сите луѓе одговорни за одбрана од поважните земји од Азија, за време на конференција за безбедност што ќе се одржи во Сингапур.
XS
SM
MD
LG